01.09.2022 Скопје
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за населението во Скопје за месец август.
Грешката е направена со тоа што наместо 15, поскапувањето е за 40 отсто, а во сметките не биле вкалкулирани државните субвенции. Во изминатите денови многу голем број на граѓани до РКЕ поднесувале поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Со цел да се избегне непријатната ситуација, РКЕ бара од БЕГ да се испратат нови сметки со предвиденото поскапување и вкалкулирани субвенции, стои во објавата на Беслимовски.
За оние граѓани кои веќе ја имаат платено сметката, ќе им се рефундираат финансиските средства, односно, наредната сметка ќе им биде пониска.
Подготвено од М.Н.