13.09.2022 Скопје
Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, упатија обвинување до МНР дека внатре во институцијата постои непотизам. Поради оваа тема се огласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи и изјавил дека немало ништо незаконско во вработувањето на сопругата на пратеникот Мартин Костовски, бидејќи сопругата на Костовски била превземена од Куманово и сега дури е ставена на пониска позиција од тоа што била претходно.
Министерот Османи изјавил дека сопругата на Костовски и Бесмира Ејупи имале квалификации за работата која ќе ја работат во Министерството за надворешни работи, и дека Костовска била на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага.
Османи изјавил дека во МНР имаат потреба од 50 вработувања и Министерството за финансии досега има одобрено само 16, и потенцирал дека секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети на одговорна работа може слободно да конкурира на огласот од МНР.
За Ејупи министерот Османи кажал дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство каде што работела. Османи додал и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат прашани за хонорарите на Ејупи, бидејќи била ангажирана од страна на градоначалник од таа партија.
Подготвено од М.Н.