https://www.flickr.com/photos/fl_370melbourne/33232652301/in/photolist-SCE2HP-w9hRyn-fTS6rB-beSyGD-2jMjb6k-HpWjU7-3z1RAw-P5XMmu-xzo8iE-yvaxqg-56U4qa-euo4K-bNTFzB-2kx4PxE-TJ4GXG-96ifQc-VDNhVa-7bRLQj-4jKXnb-bzDQWC-9ygb6C-25XFTqf-buV6x-NrZG7-5wrjTX-dmHHeQ-9qV7bZ-5kuqLS-2jacPxC-ayFPY-4cVx1C-4qub7r-jxayf6-PqbMNd-2kP5SXc-7Kw9h3-2ijSLA6-XESYyB-egvoDE-5Gdv9Q-7BR2HN-48418T-2n8ax14-ag28Cr-7eXDNM-22VSJMy-4841eF-dAWH91-EUV8gL-dmPpk5

17.09.2022 Скопје

Со соопштение од опозициската партија на РСМ, ВМРО-ДПМНЕ, се вели дека криминалот и тендерите од антимакедонската СДСМ ја имаат доведено државата во целосен колапс. Владата на СДСМ ќе треба да издвојат над 500 милиони евра за граѓаните и бизнис секторот да ја преживеат само оваа зима, но за жал буџетот е празен.

Доколку владата навремено набавеа или ископаа јаглен, РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе можеа да работат во полн капацитет и до покачување на цената пред 2 месеци немаше да дојде. Од опозициската партија изјавија дека оваа енергетска криза за многу брзо време ќе прерасне и во економска криза и затоа во наредните 2 години за справување со последиците ќе бидат потребни над 2,5 милијарди евра бидејќи оваа влада е најнеспособната во историјата на државата. Антимакедонската СДСМ воопшто нема решение за мерки и кон стопанството за да можат да ја преживеат оваа година.

Граѓаните од ден на ден се се посиромашни, инфлацијата расте, а луѓето секој ден остануваат без работа бидејќи секојдневно се затвараат фабрики и компании.

Во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ е наведено дека токму поради тоа потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи секој ден економијата се повеќе тоне а со самото тоа и државата.

Подготвено од М. Н.

About Author