22.09.2022 Скопје
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, изјавил дека никогаш порано немало ваква ситуација во комисијата за одбрана да има толку долги дискусии посебно за вакви тешки прашања.
Митрески кажал дека сака да има дискусии со приложени аргументи, но очигледно било дека таму имало злоупотреба само за да се одолговлече времето кое е предвидено за дискусија.
Тој додал дека СДСМ е подготвена да дискутира и за информации да се формира анкетна комисија за да се види јасно што се случува сега и што се случувало во минатото во енергетскиот сектор, и да се отворат сите прашања кои се битни за граѓаните.
Кога се зборува за енергетска криза кај нас и во светот, Митрески повикал да се закаже комисија за финансирање, за законот за задолжување на ЕСМ од 100 милиони евра, чија потреба била донесена на 19.07, а и ден денес не е отворена дискусија за тоа, намерата на ВМРО-ДПМНЕ да биде донесена државата во ситуација која ќе биде наподнослива и се тоа за ситни политички поени.
Митрескипотсетил дека законските решенија кои и се важни на опозицијата, која сега има мнозинство во локалната самоуправа поминуваат по брза лента, како што бил и законот за поврзување на локалните патишта.
Како одговорна партија ги имавме поддржано тие закони, бидејќи сите сме граѓани и тоа задолжување е за доброто на граѓаните, со цел по безболно да се излезе од оваа енергетска криза, нагласил координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.
Подготвено од М.Н.