07.09.2022 Скопје
Од партијата СДСМ со соопштение изјавија револт кон градоначалникот на Општина Аеродром, бидејќи ја дочекаа новата учебна година без обезбедена ужина за учениците од основните училишта. Веќе четврти ден од почетокот на учебната година, учениците од речиси сите основни училишта останале без топол оброк, кој до лани го добиваа во организација со училиштата. Голем број на поплаки од родители пристигнуваат до нас, родителите на децата велат дека кажано им е до 15-ти септември ќе мораат сами да обезбедат по два оброка за своето дете.
Од партијата велат дека податоците достапни преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, ниту Општина Аеродром, ниту основните училишта на територијата на општината, до овој момент немаат распишано оглас за избор на оператор за услуга топол оброк за основните училишта.
Од партијата поставуваат прашање до градоначалникот на Општина Аеродром,„Дали е запознаен уште колку долго родителите на овие ученици ќе треба да обезбедуваат по два оброка дневно за своите деца?“, бараат одговор за тоа, кои се причините што огласот не е распишан на време и јавната набавка не е завршена пред почетокот на учебната година.
СДСМ во соопштението го обвинува градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, дека ова му било уште едно неостварено изборно ветување кон своите граѓани.
Подготвено од М.Н.