https://www.facebook.com/profvesnajanevska/photos/pb.100066791904874.-2207520000../102700578636040/?type=3

01.09.2022 Скопје

Претседателката на комисијата за образование, Весна Јаневска, во гостување на една национална телевизија, изјави дека ако власта сакала да има учебници на почетокот на новата учебна година, тогаш имала доволно време тоа да го стори, според неа новата концеоција не е нешто ново, туку таа е влезена во образовниот процес веќе две години.

Да сакала власта, да имале и чувствувале барем малку одговорност, требаше до сега да бидат спремни книгите бидејќи имаа цели две години пред да дојде овој 1 септември 2022, имаа време и требаше до сега да го сработат материјалот и учениците да добијат навремено книги, рече Јаневска.

На гостувањето на националната телевизија, Јаневска беше запрашана, дали доцнењето на учебниците е поради тендери, Јаневска одговори дека не е таа која што може да даде одговор на тоа прашање и даде предлог дека со оваа тема треба да се позанимава истражувачкото новинарство во Северна Македонија, и тие да изтражат зошто доцнат, се повлекуваат и се препечатуваат учебниците и наставните материјали.

Подготвено од М.Н.

About Author