10.09.2022 Скопје
Драган Ковачки, член на Изборниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и пратеник во собранието, во гостување на една национална телевизија во Северна Македонија, зборувал за Иницијативата која неговата партија ја поднесе во Собранието за да се одржи Референдум, и истакнал дека од страна на власта очекува дека нема да се обидуваат да изнаоѓаат разноразни начини за да го саботираат референдумското изјаснување .
Ковачки во текот на своето гостување, потенцирал дека власта не треба да се игра со народот и треба да дозволи да се прашаат граѓаните дали се ЗА или ПРОТИВ бугарскиот договор со цел да јасно да се види во кој правец ќе продолжи да се движи државата.
Ковачки кажал дека очекуваат од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, да постапува согласно со законите и согласно Деловникот, односно согласно со неговите надлежности. Во текот на правењето на референдумското прашање се консултирани голем број на правни експерти од таа област.
Ковачки кажал дека во Северна Македонија има само едно Собрание, и тоа е многу познато кај целата нација, и треба да се заложат и што поскоро да се стави референдумското прашање да биде на дневен ред на собраниска седница.
Подготвено од М.Н.