19.09.2022 Скопје
Според одлуката на Владата, ограничувањето на трговските маржи требаше да биде до крајот на септември, но министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека ова ограничување ќе трае до крајот на годинава.
Од 15 Јуни, според одлуката на Владата, за леб бел-сечен или цел, за бел шеќер, како и за сончогледово масло за јадење има трговска маржа до 5 проценти во трговијата на големо, како и во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци, кои учествуваат во трговскиот ланец, утврдена е трговска маржа од 10 проценти во трговијата на големо и до 10 проценти во трговијата на мало.
Подготвено од А.Ѓ.