https://www.facebook.com/MKAUSPRIDE/photos/basw.Abo-B9SR7sKXUAhzrmk3Dn4mxgKDQ07ucGcq95kzULB9bDIDRiqKTNfwxMQxiYKYGOBlqz2bER5r9jyNXM6HtNriD6QUfHCvGCFLVI4Mey5mLRxARwTPkBD7ahDpiNe0dt7aH0lHit-hC4FYSXWlhMR23SuDldAfynhtnbrw9tS94w_2SpEmbb7fRQEtACFDlUM/2027430383994947/?opaqueCursor=AbrgbgmRnLYOnC5hbBEjj-nTVAWYj-ht0HZPk8w5-HK2oXOiAum6n5ALOqN1LSK5JnQh4T3gyoJdMIx3bRzscqGUYV5jUYyZaq1RhcE_O0N-lLpGaLCLQZa5XMpRPKC1sjUuaVUQMK9PQKVb1AlEX-0nsFaA0LKULTdnzp50GB6TVxFvkvG6eaV_LTo7tQ9yW0AWjuCtgnqcGLtVoPwOaT3jOMzqg05zWA5HlwUbHB1DMr8AyZAu6eDRG8oEtRRzSJPebzqIB705ZvaB1EBHJoMoLyd_6OAusyNMG0y2c-JGUtX1s6RZ4Mnio0nAn3Nx8DjyV7XuS0ebp33pqY5jOMd0TW5v_0h9UVFlPt6pyoUsjJHo1aah98pZhA2hycq8ynXC0jVlQxXEvHNfN5_zGjtsm4ot8ahtNDe-xEJlQbDAjMTD7OgmJnpvgb7BVLdHVMehufWLzivjt589rW5mmOVjNqjIiw048M_kj6CI_xxs5hUXgCePz1YRsSMdU0IITxGJa8wxMtfLUO_ZiEd4kDw9OY7v9lh26z_87Rgu-u2lqL94ZX5pYDdcmbuAg-u0kBGn8yjyKj_rMhJUSvCWeNHat0jRI8CYwSuIbFUY_XsrvjiR0TcbXg9AD0RJAQNH8mZzcqVw3wXtL7A3nfxAFLZWWzrj1sLyw0siHKtldYUN8vz-cgxI6vcyPMePCzwVfflQpcokQcWccHsR0FMjwmamgC8GkXAHtSBFpjittu4NZ6AfjfArOnko_rbpVK95z9Gf8ATpdOf_c05trwhSflyCgDNF5GP1jD-phbN2F5O1y3NQcsCT2hDLyptO6QcLXgdLlnelt_fJl5cYorIoBq6j7Fr6tr2H3yu1twL4TkN0Hs6PxuJq8OjzW55Qiqv77ijFniUqcIqRhwHOrJYqG5dZDQGpxZOYAvoOG8UTyB5l0g

17.09.2022 Скопје

Владата треба да го отфрли предлогот за менување на балансерот за вработувања на нерезиндентно население во јавната администрација според резултатите од пописот и зголемувањето на процентот на Албанците на 29,5 отсто.

Со ова решение треба да значи дека секој трет вработен во државната администрација во иднина треба да биде Албанец, но тоа никако не одговара на процентот на Албанците кои што живеат во Северна Македонија (24,3 отсто), и со тоа ќе се наруши етничката слика во државната администрација на штета на другите заедници.

Изјавата дадена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, според која иселениците со свои девизни дознаки придонесуваат за финансиската стабилност на државата не е никаков аргумент кој што треба да се прифати за да се смени балансерот. Иселениците Албанци, но и Македонци кои подолг период живеат надвор од државата, таму плаќаат даноци, таму во тие држави работат и не е можно да работат истовремено во две држави така да Северна Македонија нема никакви придонеси од тие луѓе, освен нивните семејства кои ги помагаат финансиски.

Менувањето на процентот на Албанците е многу вештачко и наместо тоа, треба да се повика Владата да го укине овој инструмент кој до сега се има покажано како нефункционален и неправеден. Владата треба да започне сериозна реформа на државната администрација и да се намали до 30 отсто од бројот на прекумерно вработените кои се вработени по партиска или етничка линија.

Подготвено од М.Н.

About Author