15.09.2022 Скопје
Европарламентарците во резолуција за состојбата во Унгарија, оцениле дека развојот на настаните во таа земја во однос на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на малцинствата претставува системска закана за вредностите на Европската Унија и предупредиле дека немањето реакција на ЕУ придонело за настанување изборна автократија.
Европскиот парламент смета дека фактите и движењата кои се прикажани во резолуциите на Парламентот заедно претставуваат системска закана за вредностите од Членот 2 на ЕУ и очигледна опасност од тешко кршење на тие вредности. Резолуцијата била поддржана од Социјалдемократите, Зелените, големо мнозинство од десничарите и поголем дел од Левица, додека против или воздржани беа европските конзервативци и реформисти.
Европарламентарците изразиле загриженост за функционирањето на уставниот поредок и изборниот систем во Унгарија и исто така за независноста на судството. Европарламентарците навеле дека меѓу експертите постои се поголем концензус дека Унгарија повеќе не е демократија.
Европарламентарците ја повикале Комисијата да се воздржи од одобрување на унгарскиот план за опоравување и отпорност, се додека Будимпешта целосно не пристапи во согласност со сите релевантни препораки и додека не ги спроведе сите релевантни пресуди на Судот на ЕУ и Европскиот судза човекови права.
Подготвено од М.Н.