23.09.2022 Скопје
Унгарија не гледа причина да се продолжи со усвојувањето на нов пакет санкции против Москва, изјавил унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по разговорот со рускиот колега Сергеј Лавров.
Ставот на Унгарија е многу јасен, особено кога станува збор за енергетиката, тоа за нашата држава е јасна црвена линија и ние како држава нема да го присилуваме унгарскиот народ да ја плаќа цената за војната за која не се апсолутно одговорни, кажа унгарскиот министер Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи исто така изјави дека доколку се предложи расправа тие ќе учествуваат, но нема да се согласат со ниту една нова санкција која би била против националниот интерес на Унгарија.
Министрите за надворешни работи на земјите членк на ЕУ се согласиле на неформална вонредна средба во Њујорк, на Маргините на Генералното собрание на ОН, да продолжат со нови санкции против Русија, на што Сијарто кажал дека европската економија влегува во сериозна рецесија и дека тоа е против интересите на Европа и на Европејците.
За нови санкции против Русија е одлучено откако рускиот претседател Владимир Путин ја нареди делумната мобилизација на руското население.
Подготвено од М.Н.