27.09.2022 Скопје
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, изјавил дека, доколку Европската Унија и ги скрати финансиските средства, неговата земја ќе се сврти кон други извори на капитал.
Неговата изјава следи откако Европскиот Парламент има побарано од Европската Комисија да ја ревидира финансиската помош од претходно одобрените фондови, бидејќи заклучиле дека Унгарија не е повеќе целосно демократска земја.
Унгарската влада треба да се подготви за продолжена војна во соседна Украина, порачал Орбан во националниот парламент, остро критикувајќи ги санкциите кои се воведени на Русија, бидејќи тие санкции ги креваат цените на енергенсите.
Орбан изјавил дека санкциите на Европската Унија имаат предизвикано повратен ефект и дека не е изненадување тоа што паѓаат европски влади, алудирајќи на изборите ви Италија, по кои Џорџа Мелони ќе стане првата жена премиер на Италија, на чело од најдесничарската влада од времето на Втората светска војна.
Доколку бриселските бирократи не ни ги дозволат финансиите на кои Унгарија секако има право, тогаш неопходните финансиски средства ќе бидат побарани од други финансиски извори, бидејќи имаме почнато разговори и со други меѓународни партнери, истакнал Орбан.
Подготвено од М.Н.