https://www.flickr.com/photos/130148356@N08/16913836381/in/photolist-rLBQhD-7RteG9-GuFgVS-4o7vrq-4aA4Di-6ftgTU-Mxahrb-KzyhqT-a8MrJN-d6VL3u-cZKZL5-QAqa8d-zqb9U-HLtWWh-4AQDVb-4Givw-pv6cWf-5NkfDe-eYW6Hq-fKmpHm-xDFbzs-82JoAr-8F4YTZ-4vH92Y-onengL-6N8Eig-6NouDK-846Yqr-84JaQ2-v66738-dDeQN-8iU22t-ovfQCC-JLwH8N-fnys3V-2owLQq-eYZRqs-62kdby-pcU5jg-2iQoSJ-h1LQK5-bxwEjj-daWtbq-5dbJyC-bLxtN6-2xke7y-6HQjSb-oDUXW8-mZSoXz-dyPcSV

29.09.2022 Скопје

Шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан изјави дека Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската Унија против Русија, доколку тој вклучува енергетски санкции.

Ѓергели Гуљаш, шефот на Кабинетот на премиерот Орбан, истакна дека Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но доколку во пакетот бидат вклучени енергетски санкции, тоа не можат и нема да го поддржат. Воедно, истакна дека го чекаат конечниот и целосен список санкции и потоа ќе можат да преговараат за тоа.

Европската Комисија, во текот на вчерашниот ден, предложи нови санкции против Русија, вклучително и построги трговски санкции, проширување на листата санкционирани лица и ограничување на цената на руската нафта за трети земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author