https://www.flickr.com/photos/37628522@N04/5101620143/in/photolist-8LP8VZ-CHLE8B-2n1HnPY-2nsbuNJ-YQPGpj-bvh72B-6ZBQ7z-3zRzU9-fQsh2U-FUDSVK-ohWz9g-hw9WSX-2nANjnq-4sLQAw-eb7gPs-9Cmsye-9y8899-4xd4nh-4NtKid-7ny5Fk-a5rX1e-5Hk8je-nUxsKh-6NFQkC-2iDkvBX-ejB1vt-cz25bj-Fgfh1D-LXdjxL-wGK57r-9a18Gn-gDFRX1-8ngMQ3-8fQ3bb-kNGVK-cv5j5f-5LtGzY-tVpr2-dDCBhd-phdh1M-oPXnyt-HtjM2t-9fSuAu-7nQ9nD-5CxXBZ-88ZqRz-dxsPzd-bgG4yc-9nhoSG-8TXv7D

12.09.2022 Скопје

Хакерите кои во средината на јули ги нападнаа албанските институции, а во петокот вечерта и системот ТИМС на граничните премини, се индетификувани со веб страната „Татковинска правда“ и утврдено е дека ги ставиле на продажба украдените податоци.

Според истиот извор, преку објавата на социјалните мрежи, тие нудат 800 GB податоци за 900 долари. Во сајбер нападот во јули, за кој албанските власти го обвинија Иран и ги прекинаа дипломатските односи со Техеран, цел беа администрацијата и министерствата, а биле одјавени и илјадници пораки од серверот.

Иако албанската влада соопштила дека целата ситуација е под контрола и дека секој напад е одбиен, хакерите веќе ги имаат пуштено во продажба податоците кои се добиени од системот ТИМС во Албанија, но и електронските адреси на албанските функционери. Во саботата целиот ТИМС систем на сите гранични премини на Албанија беше парализиран и хакиран од нов сајбер-напад и премиерот на Албанија, Еди Рама, повторно го обвини Иран.

Тајните на Албанија сега можат да се купат на пазарот и хакерите бараат плаќањето да се врши преку Биткоин електронски пари, така да никако нема да може да се открие каде одат уплатените пари со кои ќе се купат сите тајни податоци од Албанија.

Подготвено од М.Н.

About Author