30.09.2022 Скопје
Од шведскиот Инспекторат за стратегиски производи (ИСП) соопштија дека повторно ќе издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со што е укинато ембаргото кое беше на сила од 2019 година.
Овој политички пресврт е поврзан со обидите на Шведска да влезе во НАТО. Нордиската земја пред неколку месеци поднесе барање за членство во НАТО откако започна руската инвазија во Украина.
ИСП започнал да издава дозволи за третиот квартал, но немаат откриено кои се производители и компаниите добиле залено светло, наведувајќи дека тоа се строго доверливи информации.
Финска и Шведска имаа ставено забрана за извоз на оружје во Турција одма после нејзиниот упад во Сирија и борбите против курдистантската милиција ИПГ. Анкара таа група ја смета за гранка на Работничката партија на Курдистан, односно за терористичка организација.
Турција во мај годинава, имаше наведено дека забележала позитивен став на Шведска кон укинувањето на ембаргото за извоз на оружје во земјата.
Подготвено од М.Н.