https://www.flickr.com/photos/tonycavalcantifotografo/8978979507/in/photolist-eFrBMv-eFxKiU-eFrBHt-eFrC2k-eFryCF-eFA5zQ-eFrykD-eFu2Xg-eFxAHf-eFrszB-eFxArh-eFrycg-eFA9N1-eFA9af-eFAaCS-eFA9Y1-eFA6My-eFAa8C-eFAa43-eFxFd7-eFtXxn-eFxEis-eFxB97-eFxJ4N-eFrqyv-eFtYMi-eFxFzG-eFxFY3-eFAaJf-eFruai-eFrB98-eFA9H5-eFrzSD-eFxAYE-eFxK4J-eFA5kU-eFu3Tg-eFxGqS-eFrwRX-eFtYYB-eFAbEw-eFxzRq-eFrwGr-eFrroD-eFxJAE-eFxy53-eFxD1U-eFrttM-eFxCLE-eFtWBF

20.09.2022 Скопје

Русија нема да биде дел од ждрепката за престојните квалификации за Европското првенство 2024 година, поради фактот дека УЕФА ја продолжи забраната која беше донесена на почетокот на руската инвазија врз Украина.

Извршниот комитет на УЕФА на состанок кој се одржал во текот на денешниот ден, одлучил да ја продолжи забраната за настап на репрезентацијата на Русија во натпреварите. Поради фактот дека војната се уште трае, Русија нема да биде во октомвриската ждрепка за квалификации за ЕУРО 2024, и тоа значи дека нема да биде ниту дел од континенталниот собир.

УЕФА во денешниот ден го има усвоено квалификацискиот систем, во ждрепката ќе учествуваат 53 репрезентации кои ќе бидат поделени во 10 групи, три од нив ќе бидат со по шест селекции, а седум со по пет репрезентации во група.

Германија ќе биде домаќин и со тоа автоматски се пласира на ЕУРО 2024, првите две селекции од секоја група одат на Европскот првенство, и уште три селекции ќе отпатуваат на ЕУРО 2024 од Лигата на нации.

Подготвено од М.Н.

About Author