21.09.2022 Скопје
Потпаролот на Владата, Душко Арсовски, истакна дека во интерес на учениците е наставата со физичко присуство и моментално нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука. Додека пак, за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата за дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски изјавил дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа и додаде дека Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза.
Душко Арсовски, потпаролот на Владата, потенцираше дека организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата е во рамки на надлежностите на општините, односно на локалната самоуправа и за тоа од МОН се исплаќаат донации до општините.
Подготвено од А.Ѓ.