https://www.facebook.com/photo/?fbid=390704256573441&set=pb.100069016095883.-2207520000..

10.09.2022 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 10.09.2022 година, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, лишиле од слобода две лица Б.Х. (28) и М.Д. (33) и двајцата со адреса на живеење во Струмица.

При претрес на лицето Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а потоа при претрес на домот на М.Д. кој е извршен со судска наредба на Основниот суд Струмица, биле пронајдени две кеси со кокаин и две пакувања со марихуана.

Лицата се приведени и задржани во полициската станица во Струмица, известен е и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Струмица и по целосно документирање на случајот, лицата ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, според законот за дилање на наркотични сретства.

Подготвено од М.Н.

About Author