14.09.2022 Скопје
Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, посочила дека Европската Унија требало повеќе да ги слуша оние кои со години предупредувале на опасност од режимот на рускиот претседател, Владимир Путин. Земјите како што се Молдавија, Украина, Грузија и Белорусија предупредуваа цело време, но Европската Унија тоа не го сфатила како сериозно се додека сега не дошло време да ги плаќа цените од руската агресија.
Лајен изјавила дека цела Европа ќе мора да се ослободи од зависноста од Русија, бидејќи Русија не води војна само со Украина, туку со цела Европа. Оваа војна која ја започна Русија е војна против енергијата, војна против економијата, војна против вредностите и иднината на цела Европа.
Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа твитер, објавила дека Европската Унија има научено многу добра лекција, и многу добра поука, а тоа е дека треба подобро да се слушнат гласовите на земјите кои се во Унијата.
Подготвено од М.Н.