https://www.facebook.com/photo/?fbid=10157027133110725&set=a.486910622794763

04.09.2022 Скопје

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, пред своите поддржувачи го нарекол својот наследник Џозеф Бајден „државен непријател“ и ги критикувал претресот на неговата резиденција во Палм Бич на Флорида. Трамп реагирал на неодамнешната изјава на Бајден дека Трамп и неговите поддржувачи претставуваат екстремизам што ги загрозува самите темели на републиката. Трамп изјавил дека говорот на Бајден е полн со омраза и гнев, и дека Бајден сака да го прикаже како закана за демократијата и како тој да е државен непријател.

Поранешниот американски претседател, за прв пат се појави во јавноста откако федералната полиција изврши претрес во неговата резиденција во Флорида.

Федералното истражно биро (ФБИ) изврши претрес во резиденцијата на Трамп бидејќи имаше сомнеж дека поранешниот претседател незаконски чувал доверливи документи од неговиот мандат во Белата куќа, а Трамп за претресот изјавил дека срамната рација во неговата пезиденција е пародија на правдата.

Подготвено од М.Н.

About Author