06.09.2022 Скопје
Осумте пратеници на Алијансата за Албанците ќе ги поддржат уставните измени, под услов терминот „20 проценти“, кој се однесува на бројот на албанците во Северна Македонија да биде избришан од Уставот.
Ставот на опозициската политичка партија го обелодени нејзиниот претседател Арбен Таравари на прес-конференција во Гостивар.
Таравари смета дека сегашното владеачко мнозинство ги нема 80-те гласа во Парламентот за да спроведе уставни измени, а неговата партија има простор за да постави услов.
За Референдумот и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Таравари смета дека тоа е повеќе работа на македонските партии и Албанците не се многу закрижени околу таа проблематика.
Албанците повеќе ги интересира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија. Тој е дециден и нагласува дека преговорите ќе започнат откако ќе се смени Уставот на земјава.
Околу испразнетата лидерска позиција во партијата, Таравари посочи дека за две недели ќе се состане централното претседателство и ќе долучи кој ќе биде „вд“ претседател. Таравари е за еден од најспоменуваните за можен иден наследник на Зијадин Села, но сепак идниот претседател на Алијансата на Албанците ќе биде избран на конгрес.
Подготвено од М.Н.