10.09.2022 Скопје
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ги посети регионите погодени од поплавите во јужен Пакистан, каде властите се борат да спасат десетици илјади луѓе кои биле раселени поради поплавите. Шефот на ОН бил информиран за влијанието на поплавите и ја повика меѓународната заедница да даде огромна финансиска поддршка.
Гутереш рекол дека Пакистан е една од 15-те жаришта на климатски промени и го повикал светот да обезбеди масовна поррдшка за да може земјата да избегне уште една таква катастрофа. Гутереш кажал дека Пакистан нема сила да придонесе за таа катастрофа, бидејќи помошта само од една страна била само како една капка која е во океан.
Шефот на ОН е во дводневна посета на земјата со цел да се подигне свеста на останатите земји во светот за природната катастрофа која го зафати јужен Пакистан. Во невидените поплави кои беа предизвикани од обилните монсунски дождови од јуни до сега се претпоставува дека 1.396 лица се жртви на поплавите, од кои една третина биле деца, а поплавената област е поголема од големината на Велика Британија.
На твитер Гутереш упатил апел до сите земји ширум светот, да престанат со војната против природата и да инвестираат во обновливата енергија, за да се спречи да има поголем број на жртви.
Подготвено од М.Н.