https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%92%D1%8F%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2_%D0%92%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD.jpg

13.09.2022 Скопје

Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин изјавил дека агресивните чекори на украинската воено политичка команда, може да го доведе светот до нуклеарна катастрофа.

На првиот пленарен состанок на есенската сесија, Володин посочил дека времето има покажано дека рускиот лидер Владимир Путин, ја има донесено вистинската одлука со започнување на специјалните операции за демилитаризација на Украина.

Претходно шефот на управата на Енергодар, Александар Волга, изјавил дека бројот на украинските единици расте на спротивниот брег на реката Днепар. Според Волга, вооружените сили на Украина, постојано се движат низ областа, и се подготвуваат за големи провокации. Исто така активистите на Киев сакаат да го доведат светот на една голема катастрофа, односно нуклеарна катастрофа, а подоцна Русија да биде обвинета за тоа, но Володин кажал дека неможат и нема да го дозволат тоа да има успее на украинците.

Подготвено од М.Н.

About Author