https://www.facebook.com/photo.php?fbid=640524947438566&set=pb.100044431989580.-2207520000..&type=3

27.09.2022 Скопје

На Голењов кој се наоѓа северозападно од Полска, премиерите на Данска и Полска, во присуство на полскиот претседател, свечено го пуштија во употреба новиот гасовод на дното на Балтичко море, Балтик Пајп, кој ги поврзува Данска и Полска и понатаму Норвешка, како стратешки проект кој го ослободува тој дел од Европа од потребите за набавки на рускиот гас.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на отварањето на гасоводот имал изјавено дека конечно е завршена ерата на руската доминација за испорака на гас, и повеќе нема да има уцени и закани од страна на Русија. Гасоводот Северен тек е гасовод низ кој тече маката на Украинците но Балтичкиот е спротивност од она што му служат интересите на Путин, кажал Моравјецки.

Данската премиерка Мете Фредериксен го обвинила рускиот претседател Владимир Путин, за обидите да ја дестабилизира Европа преку енергијата. Населението во Европа веќе страда бидејќи наближува зимата, не треба да го дозволиме тоа и со секоја сила треба да и се помогне на Украина и само со санкции да се ослободи Европа од увозот на рускиот гас, изјавила данската премиерка.

Целиот гасовод ос Норвешка до Данска и Полска е во должина од 900 километри, во првите три месеци ќе биде пуштен само со 30 отсто капацитет, кој вообичаено изнесува десет милијарди кубни гас годишно, Полска во последните години троши околу 20 милијарди кубни метри гас, од кои десет милијарди годишно биле увезувани од Русија, но со новиот гасовод од Норвешка значи дека доколку го искористат целиот капацитет, може целосно да се замени поранешниот руски гас.

„Балтик Пајп“ игра клучна улога во стратегијата за напуштање на зависноста од испораката на гас од Истокот. Гасоводот обезбедува пристап до стабилни извори за испорака на гас. Веќе првите испораки во наредните недели ќе претставуваат суштински зајакнување на енергетската безбедност на Полска.

Гасоводот „Балтик Пајп“ не мора да знаци дека ќе заврши само во Полска, со оглед на тешката ситуација на енергетскиот пазар, може да се испраќа и понатаму, односно каде што би имало потреба.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, изјавил дека кога тие ја започнале оваа инвестиција, никој не очекувал дека Русија ќе го затвори вентилот и ќе предизвика ваков колабс на енергетски план.

Подготвено од М.Н.

About Author