23.09.2022 Скопје
Основниот кривичен суд во Скопје за два судски предмети се уште чека супервештачење, за едно се веќе изминати 300 дена и се уште не е изготвено, а за другото се изработува веќе 100 дена.
Кога Обвинителството има вештачење за одреден предмет, а вештачење понуди и другата страна, односно обвинетите и двата наоди се разликуваат, тогаш треба да се изготви супер вештачење кое Судот треба да го земе во предвид во текот на судскиот процес, велат од Коалицијата „Сите за правично судење“, но бавноста на оваа важна документација во судските постапки е нешто за кое треба да се поработи од страна на надлежните за оваа проблематика.
За случајот Ласкарци, супервештачењето трае 315 дена и се уште не е изработено, за Тендери трае 110 дена и исто така се уште не е изработено, а има и низа други кои се уште не се ниту започнати, изјавиле од Коалицијата.
Од Кривичниот суд информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет од Скопје, од каде што биле известени дека тие немале доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не биле учесници во претходни вештачења. Ова вештачење го има нарачано Судот во декември 2021 и откако факултетите го одбиле предметот бил испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност за формирање на сопствен тим од лиценцирани вешти лица кои ќе го направат супервештачењето.
Од Коалицијата „Сите за правично судење“ укажуваат и бараат да се реши проблемот со изработката на овие супервештачења, бидејќи со тоа важните судски постапки ќе бидат убрзани и ќе можат да се решаваат со побрзо темпо, а со тоа ќе се придонесе и довербата на граѓаните во судството да биде зголемена.
Подготвено од М.Н.