https://www.flickr.com/photos/192902634@N05/52365849076/in/photolist-2nMoEwQ-HwyJuy-7KXndd-Pa75A3-4yab3n-5LsoEB-4ArET7-zF8PXA-L2QQD-YnvwDE-fD8yBw-J1qbtp-2mBifKR-ymx9p-2htKSGT-5Qfftw-dvMZm5-exB4Gh-7PEnEn-Dp8aGu-zx1oxu-AL2ydP-JvW7qh-cPfq9E-2jn8fPj-bv6Uvj-bkUna-28qMhgW-2gemST7-2n4XZv4-anxtSE-FvQXoW-2ajJVf4-9i62Rh-2jwesjT-2aBAxFW-tiNzYh-jwJqZB-8jpSfc-acy7oQ-7qR4WE-ea7ySL-4Gd1Hf-P9C3Jy-nsxyKX-nx85fR-i7YYX9-acvhVX-2j97UDq-skDw35

27.09.2022 Скопје

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на состанокот во Брисел за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, изјави дека објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални права“, од Кластерот „Темели“, се одржува во вистинско време, бидејќи на Северна Македонија ќе и даде насока за правилно да ги планира идните активности и реформите во правосудството. Воедно, додаде дека се спроведува Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година и се подготвува нова, како и дека е во тек дигитализацијата на судството, а неколку дигитални услуги за граѓаните се достапни на националниот портал за е-услуга. Освен тоа, се работи и на интероперабилност за електронска размена на податоци меѓу 86 институци, а за постигнување поголема судска транспарентност, Судскиот совет го усвои Акциониот план за отворено судство 2021-2025 година.

Маричиќ истакна дека сите активности кои се преземаат последните години се насочени кон подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите за работата на Судскиот совет и судовите, зајакнување на надзорната улога на Судскиот совет, како и подобрување на електронскиот систем за основна и континуирана обука на судиите.

Во текот на вчерашниот ден, се одржа објаснувачкиот скрининг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори, „Функционирањето на демократските институции“, во рамки на Кластерот „Темели“, што е основна вредност врз која функционира Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author