https://www.facebook.com/2137363179920272/photos/a.2137381349918455/2137395063250417

21.09.2022 Скопје

Стопанската комора за енергетика на Северна Македонија најавила организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот имот на оваа компанија.

Стопанската комора ќе одржи вонредно Собрание на која оваа иницијатива ќе биде единствена точка за расправа на дневниот ред.

Од комората изјавиле дека сите лиценци и целиот имот од ЕВН треба да се одземат и да се вратат во државна сопственост и да се вратат и нелегалните финансиски средства, како и парично да се казни компанијата за направените штети на граѓаните и компаниите во државата.

Покрај ова, со иницијативата ќе се бара и утврдување и покренување на кривични постапки против сите лица кои биле илволвирани во нелегално стекнати имоти и финансиски средства на ЕВН и нејзините подружници.

Откако ќе се донесат заклучоци од одржаната седница на Собранието, се планира да се отпочне со собирање на потписи, кои се надеваат од комората дека ќе се надмине потребната бројка од 10.000 потписи и веруваат дека ќе се реши овој државен проблем за доброто на сите граѓани, изјавиле од Стопанската комора за енергетика на Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author