23.09.2022 Скопје
Бобан Стефковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, оствари неколку средби со граѓаните во месните заедници Јурумлери, Гоце Делчев, Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански.
Од локалната самоуправа соопштија дека на средбите се разговарало за изнаоѓање на извори за финансирање на капитални проекти. Со граѓаните во месните заедници Јурумлери и Гоце Делчев, се разговарало за изнаоѓање на извори на финансирање за целосна изградба на фекалната канализација, додека пак со граѓаните во месните заедници Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански се разговарало за изнаоѓање на извори за финансирање за изградба на нова училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.
Подготвено од А.Ѓ.