https://www.facebook.com/photo/?fbid=590290755795376&set=pb.100044433699529.-2207520000..

11.09.2022 Скопје

Австралиската влада ќе му дозволи на Новак Ѓоковиќ да настапи на следното издание на Австралија опен и покрај тоа што не е вакциниран поради пандемијата Ковид-19.

„Хералд Сан“ ексклузивно има пренесено дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен, кој ќе се одржи во Јануари 2023 година. Оваа година Ѓоковиќ помина преку вистинска голгота во Австралија откако стигна до таму, но на вистински груб начин го вратија поради тоа што не бил вакциниран поради пандемијата.

После таа голгота се ширеа и информации дека Ѓоковиќ би можел да добие дури и цели три години забрана за влез во Австралија, но според сегашните информации сепак тоа нема да се случи.

На Австралија Опен, кој ќе се игра во Јануари 2023 година, Ѓоковиќ ќе ја брка 10-тата титула на турнирот, која би му била 22-ра грен-слем титула во својата кариера.

Подготвено од М.Н.

About Author