https://www.facebook.com/photo/?fbid=869454680685407&set=pcb.869455000685375

17.09.2022 Скопје

Еден од организаторите на Европрајд 2022 година, Горан Милетиќ изјавил дека Министерството за внатрешни работи на Србија има дадено одобрување за да се одржи парадата во Белград. Милетиќ објаснил дека одобрувањето за парадата е дадено, но на нова траса со почеток кај Уставниос суд, а не кај народното Собрание, каде што беше првично закажана а која беше забранета пред неколку дена.

Парадата на Европската Прајд Асоцијација (ЕПОА) соопштила дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, српската премиерка Ана Брнабиќ изјвила дека парадата во рамки на Европрајд, која била закажана за 17 часот, може да се одржи.

Организаторите на поворката најавија и дека на илјадниците активисти на рутата на поворката, од Уставниот суд до стадионот Ташмајдан, ќе им се придружат бројни дипломати, претставници на Европскиот парламент, како и други европски и меѓународни претставници.

Премиерката Ана Брнабиќ гарантирала безбедност за време на одржувањето на Европрајд, таа лично нема да биде присутна но во поворката ќе биде присутна нејзината партнерка.

Полицијата ги блокирала сите улици околу Собранието на Србија и има потиснато мала група на луѓе кои биле опремени со верски симболи, а кои се противници на Европрајд, некаде околу 30 лица биле приведени од страна на полицијата.

Српското МВР пред неколку дена го забрани одржувањето на парадата поради безбедносни причини, со оглед дека истиот ден е закажан и собир на лица кои се против парадата и со тоа ќе постои можност за конфликти меѓу двете групи. Српскиот претседател Александар Вучиќ пред околу три недели најави дека Европрајд ќе биде откажан или одложен, поради безбедносни причини, и таа одлука наиде на критики од многу држави меѓу кои и САД и ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author