14.09.2022 Скопје
Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи во текот на денешниот ден ќе оддржат средба.
МНР соопшти за средбата соопштувајќи дека Димитар Љоровски, кој е историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата. Љоровски е именуван за нов член на Комисијата, согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветно покривање области од нивната работа, информирале од МНР.
Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓорѓиев по објавата на препораките, на прес – конференција говорејќи во однос на учебниците, појаснил дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии.
Во таа смисла, Комисијата работи за надминување на тие места во учебниците, за која се верува дека е една задача која ја има и секоја комисија која што работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по Историја.
Како што наведуваат од Министерството за надворешни работи, периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе треба да расправа Комисијата.
Подготвено од М.Н.