https://www.flickr.com/photos/87162719@N03/8470600664/in/photolist-dUw3t3-R5zbae-duoKpS-av86JK-2makk-Ds3XV-2eMkjyZ-2ewZTbR-2kJPYJh-2j7ZKio-4u1pEz-UgqZmd-2jgH88Z-2k2T76F-Eu4hag-VEdLA-EUm9tP-avc7aj-bAfhfs-55dNCw-9NL4a-9KgWL-pzGV7-pgnEwk-2ckEDSy-fGUndM-fGUn2n-fGUmU6-fGUnaZ-fGUn2r-fGUmnx-fHbVk5-fGUn7e-fHbVoj-fGUmLp-WhCdiF-fGUmND-fHbVXQ-fGUmzi-fGUmQH-fGUmEt-fHbVEb-fGUmrx-fHbVSQ-fHbVxL-fHbVvJ-fHbVGs-fHbVV9-fGUmsM-JMpqu

29.09.2022 Скопје

На одбележувањето на Светскиот ден на срцето, министерот Беким Сали изјави дека срцевите заболувања кај помладата популација која е работно активна, односно кај лица под 40-годишна возраст, бележат пораст.

Министерот за здравство, Беким Сали, истакна дека кардиоваскуларните заболувања претставуваат пандемија во континуитет и затоа, еден од приоритетите на Министерството за здравство е превенција од кардиоваскуларни заболувања. Според последните податоци, 31% од смртноста во светот е поради кардиоваскуларните заболувања. Воедно, додаде дека Министерството за здравство на годишно ниво има планирано програма за превенција од кардиоваскуларни болести, со посебен фокус на превенција на факторите на ризик, навремено дијагностицирање, препознавање и намалување на смртноста и унапредување на лекувањето.

Клиниката за кардиологија, по повод 29 Септември – Денот на срцето, доби нова медицинска опрема, донација на World medical relief од македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави. Станува збор за опрема наменета за зајакнување на повеќе универзитетски клиники, од која најголем дел, околу 80 проценти е наменета за Клиниката за кардиологија.

Министерот Сали истакна дека опремата е поставена на Одделот за интензивна нега во ангиографски сали и на повеќе болнички оддели, а се состои од кислородни концентратори, апарати за стерилизација, кислородни маски, неинвазивна вентилација, различен мебел, кревети, колички, потрошен материјал.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author