04.09.2022 Скопје
Емануел Макрон и Олаф Шолц сакаат Белград да тргне кон компромис со Косово. Францускиот и германскиот лидер испратиле заедничко писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, барајќи од него да се подготви за тешки одлуки во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во нивното писмо, кое е објавено од прес-службата на Вучиќ, Макрон и Шолц велат дека нормализацијата на врските меѓу Косово и Србија е најважна за европската и балканската стабилност.
Макрон и Шолц исто така, посочуваат во писмото дека ги испратиле своите советници Емануел Боне и Јенс Плотнер, да му помогнат на Мирослав Лајчак, кој е специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан, во неговите дипломатски напори.
Тензиите меѓу Косово и Србија се уште се високи, иако двете страни успеаја да постигнат делумен компромис.
На крајот од заедничкото писмо на Макрон и Шолц стои дека искрено се надеваат дека иницијативата ќе наиде на интерес и поддршка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Подготвено од М.Н.