https://www.facebook.com/photo/?fbid=620639232982560&set=pcb.620639782982505

03.09.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека Србија има обврска да се приклучи кон европската надворешна политика непосредно пред членството во ЕУ.

На заедничката прес-конференција со Борут Пахор, Вучиќ истакнал дека Србија се уште никој не ја известил дека е пред членство ниту пак гледа дека планираат да ја известат. Вучиќ од страна на словенечки новинар бил прашан дали Србија ќе се приклучи кон санкциите кон Русија, но Вучиќ кажал дека мора да ја разберат позицијата на Србија и додал дека ќе ја води земјата во согласност со неjзините интереси.

Пахор пак изјавил дека не ја поддржува одлуката на Србија, но се обидувал да ја разбере и го објаснил тоа и на Бледскиот форум.

Пахор додал дека на таквата одлука би придонела поодлучната волја на Брисел, дружбите на Западен Балкан побрзо да станат дел од ЕУ и дека Србија кога би била убедена во стопроцентната европска иднина, би размислила и околу своите врски со Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *