https://www.flickr.com/photos/26344495@N05/51247888575/in/photolist-2m5APPM-7cfEaF-qivoaP-6oTghU-2m9VBup-HLTuA-2kpiBF4-7vniHy-2h21p5S-2jyY2VD-248k8jr-2jyL92r-2gkrATS-6BobUH-2iWDB89-2gNPYiD-dfsvSH-2njwvrA-2kiEcsm-2fRG7Q5-2nju1Ci-2JvCqh-28hw8D1-2iLx5f8-2jHTgKt-2mEVYDX-9YyNpV-2hWxwV-2aMTx1u-25qyswK-2gw7tsG-2jAd3Lm-8R1ztC-8CYbsY-w8A679-eHGJU9-2nCxXNw-bySM1m-EsyNj-5DjKQj-DVdKCz-zQVf9-5VTHMm-2khrH6S-aAHR1s-25xPMiF-5T65n8-GDnASF-2jhvYNj-778bvi

13.09.2022 Скопје

Во српското Собрание, денес, е почната посебната седница на која претседателот Александар Вучиќ ќе го презентира Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина. Вучиќ изјавил дека ќе се заколне во Уставот на Србија дека се додека може да влијае, Србија ниту директно ниту пак индиректно нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, ниту пак ќе се откаже од легитимната борба за државни и национални интереси и од борбата за почитување на меѓународното право.

Вучиќ рекол дека вистинската политика не може да почива на фатаморгани и митови, а тоа значи дека сопствените митови ќе мора да се прилагодат, разбирајќи ја нивната важност во создавање на духот на целата нација и дека без нив тие нема да постојат. Вучиќ истакнал дека за сега најважно е да се заштити српската нација на Косово и покрај тоа што Србија е на тешка позиција поради конфликтот во источна Европа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кажал дека не верува во никаков договор со актуелното албанско раководство, бидејќи не ги интересираат рационалните аргументи и меѓународното право. Од она кое било постигнато претходно, односно она кое тие ќе го побарале било направено, сега претпоставувам дека од Србија ќе се бара да оди кон неформалното признавање на независноста на Косово.

Вучиќ истакнал дека ќе има многу тешки моменти, притисок ќе има голем, а причини за тој притисок ќе бидат дека Западот не сака да се отвори нов конфликт и да се исфрли од рацете на Путин аргументот за Косово. Суштинската пришина за кризата во дијалогот Блеград – Приштина произлегува од фактот што западниот свет не сака да ги почитува Повелбата на ОН и Резолуцијата од 1244 во случајот со Србија, ниту пак се заинтересирани да ги почитуваат договорите кои се постигнати со дијалог.

Подготвено од М.Н.

About Author