28.09.2022 Скопје
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека за време на средбата со јапонските власти во Токио, ја објаснила позицијата на Србија и зошто не воведува санкции против Русија поради воената инвазија над Украина.
Брнабиќ изјавила дека Србија не е неутрална и дека секако ја осудува агресијата над Украина, но и дека јапонските власти и политичари не вршеле притисок како европските и дека со големо внимание биле заинтересирани да слушнат каков е ставот на Србија во врска со темата Русија-Украина.
Брнабиќ изјавила дека Србија не е неутрална за ова прашање, ставот на Србија е целосно јасен, се приклучивме кон резолуциите на ОН и на декларациите на ЕУ, каде што ја имаме осудено агресијата врз Украина. Министерството за надворешни работи на Србија има соопштено дека нема да ги признае референдумите кои се одвиваат во поедини делови во Украина, единствената разлика е што Србија не воведе и не сака да воведе санкции кон Русија и за тоа имаме добро образложени причини.
Српската премиерка Ана Брнабиќ, изјавила дека нејзината средба со јапонскиот премиер поминала добро и дека таа средба ќе ја искористи за Србија да изгради политички и економски врски со Јапонија.
Подготвено од М.Н.