27.09.2022 Скопје
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, има најавено жесток одговор на бриселската администрација во име на цела Србија. Одговорот ќе биде соопштен на јавноста најдоцна во рок од 72 часа, пренесуваат некои од медиумите во Србија.
Претседателот на Србија бил шокиран од изјавата на потпаролот на Европската комисија Петер Стано, кој е творец на синтагмата за одговорност на двете страни во случаите кога албанските специјалци од РОСУ пукаа во невооружени Срби во Косово а истиот тој и порача на Србија дека е под надзор на Европската Унија поради потпишувањето на формалниот План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и Русија кој беше потпишан во Њујорк.
Претседателот Вучиќ бил видно револтиран од пораката на Стано и подготвувал одговор кој ќе биде без влакна на јазикот, особено поради тоа што потпаролот на Европската Комисија молчел кога албанските екстремисти се обиделе да извршат напад на српско момче во Бабин Мост или кога 30 вооружени припадници на косовските безбедносни сили упаднале на северот на Косово и вршеле тортура врз српското население во тој дел на Косово.
Претседателот на Србија бурно изреагиран на сето тоа што Стано го премолчил, но не пропуштил прилика да и се заканува на Србија поради техничкиот план за состаноци на српскиот и рускиот министер за надворешни работи во кој немало ниту една ставка која би и наштетила на безбедноста на целиот регион.
Подотвено од М.Н.