26.09.2022 Скопје
Официјални лица на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија и порачале на Србија да даде објаснување за она кое го има потпишано со Русија минатата недела во Њујорк, посочувајќи дека ова не е време за зајакнување на врските со Кремљ и дека таа испратила спротивна потрака од онаа која ја очекува Брисел.
Шефовите на дипломатијата на Русија и Србија, Сергеј Лавров и Никола Селаковиќ минатиот петок на маргините на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН, потпишале план за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји во следните две години, има објавено српското Министерство за Надворешни работи.
На една социјална мрежа е објавено видео одпотпишувањето на договорот и судејќи според таа снимка, планот за консултации бил птпишан во просториите на руската мисија во ОН.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануеле Жиофре, има изјавено дека не е време за да се јакнат врските со Русија, не смее да се заборави дека Русија веќе седум месеци спроведува агресија против Украина и дека постојано упатува закани дека ќе употреби нуклеарно оружје за масовно уништување.
Американскиот амбасадор Кристофер Хил истакна дека Соединетите Американски Држави бараат објаснување од Србија за тоа што е потпишано со Русија бидејќи смета дека во овој момент никој не треба да потпишува ништо со Русија порани агресијата која ја нанесува на Украина.
Хил потсетил дека минатата недела имале одлични дипломатски разговори со Србија и дека на крајот на неделата дознале за тој потпишан документ и дека тоа не е јавен документ, има кажано дека тешко е да се разбере ваквата одлука на Србија но дека очекуваат од српскиот претседател Александар Вучиќ да слушнат објаснување за овој руско-српски дипломатски протокол.
Подготвено од М.Н.