23.09.2022 Скопје
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи, во малата сала „Борис Трајковски“, го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“.
Министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи оддаде почит на загинатите припадници од редовите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кон нивните семејства и кон нивната непроценлива херојска жртва, вткаена во темелите на нашата татковина.
На крајот од своето обраќање, министерот Спасовски ја изрази своја длабока почит кон семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и кон меморијалната манифестација, а на натпреварувачите на завршниот турнир им посака успех и победа на најдобриот.
Подготвено од А.Ѓ.