https://www.facebook.com/Armija.Republika.Severna.Makedonija/photos/2000971943414088

20.09.2022 Скопје

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, остварил средба со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригиден генерал Зоран Лазаревиќ и двајцата ја потврдиле посветеноста на двете армии кон зајакнувањето на безбедноста во регионот.

По приемот со високи воени почести, генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ, разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и за збогатување на постоечката билатерална воена соработка во областа на военото образование и обуката, како и за можностите за нови облици на соработка преку заедничко изведување на обука и користење на капацитетите, информирале од Генералштабот на Армијата.

Генералите истакнале дека до сега имале одлична соработка, ја потврдиле својата посветеност, и се согласиле дека треба да продолжат да се ангажираат во подобрување на безбедноста во регионот преку зајакнување на своите капацитети за одбрана и одвраќање.

Генерал Ѓурчиновски истакнал дека е особено задоволен што на Воената академија „Генерал Михајло Апостоловски“ од 2010 година во континуитет се школуваат црногорски потомци, кои стекнатото знаење успешно го применуваат во својата катиера во војската на Црна Гора.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *