https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

30.09.2022 Скопје

На денешното продолжение на 86-тата седница, Собранието изгласа продолжување на рокот на кризните состојби заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и заради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „ЗА“, ниту еден „ПРОТИВ“ и ниту еден „ВОЗДРЖАН“, беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со 86 гласа „ЗА“, ниту еден „ПРОТИВ“ и ниту еден „ВОЗДРЖАН“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author