07.09.2022 Скопје
Пратеникот на Демократската партија на Србите во Северна Македонија, Иван Стоилковиќ, на социјалните мрежи пишува дека договорот на Северна Македонија со Бугарија ќе донесе големо зло на државата.
Стоилковиќ напиша дека Преспанскиот договор е само врв на ледениот брег, договорот со Бугарија ќе донесе потешки и посериозни последици и ќе доведе до состојба на современ етноцид на македонскиот народ, идентитет и историја, односно на целата македонска држава.
Се надевам дека на никој нема да му падне на памет да ми ги спори моите изјави, и дека после толку време, имам право не само на сатисфакција, туку и чувство на кредибилитет пред македонската јавност да соопштам не само лично, туку и со одлука на партиските органи апсолутно ќе ја поддржиме иницијативата да се организира референдум за поништуивање на договорот со Бугарија.
Пратеникот на Демократската партија на Србите во Северна Македонија, се надева дека како демократска држава ке се одржи референдумот и дека конечни ќе биде запрено тоа зло кое сакаат да го наметнат на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.