https://www.facebook.com/photo?fbid=173612041850428&set=a.115319094346390

06.09.2022 Скопје

Задолжителниот референдум е единствената можност да се слушне гласот на македонскиот народ, изјавил градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Македонската историја, македонскиот јазик, идентитетот и културата се неразделив дел од животот на нашите генерации, како што не биле и од нашите предци. Напредокот и европската перспектива на нашата држава, треба да се реализира со континуирана надградба на вредностите, меѓусебно почитување и добрососедска соработка, но никако со договор кој може да доведе до идентитетско обезличување.

Задолжителниот Референдум е единствената правилна одлука, така ќе може да се слушне гласот на македонскиот народ, кој секако дека ќе се спротивстави на ставањето на Македонија во незавидна позиција.

За да си ја зачуваме нашата историја, и за да можеме врз нејзините темели да ја градиме иднината на нашите генерации, Референдумот мора да биде успешен, стои во објавата на битолскиот градоначалник Коњановски на социјалната мрежа фејсбук.

Подготвено од М.Н.

About Author