08.09.2022 Скопје
Гласот на референдум ја направи Северна Македонија независна, гласот на референдум и ќе ја направи Северна Македонија достоинствена држава каква што треба да биде, напишал на социјалната мрежа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Мицковски во својот статус на социјалните мрежи по повод независноста на Македонија, исто така напишал дека, пред 31 година донесена е одлука за независност, иако и тогаш со таа одлука многу луѓе не биле среќни.
Мицковски напишал дека пред 31 година даден е завет дека ќе се направи се што е најдобро за независна Македонија, за да биде една мала држава со која сите ќе бидат горди.
Во тоа време огромен бил предизвикот за референдум, многу прашања, многу дилеми и критики имало и тогаш, но сепак времето покажало дека тој чекор бил вистинскиот и историски за државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напишал дека после 31 година, сега повторно има ист предизвик. Со референдумот ќе се зачува државата пред обидите за уцени и за асимилација, но и покрај тоа државата ќе продолжи да оди по патот за Европската Унија.
Мицковски ја завршил својата објава со честитки за независноста и апел за граѓаните да го дадат гласот на храброста на претстојниот референдум исто како и пред 31 години.
Подготвено од М.Н.