https://www.facebook.com/photo.php?fbid=551534916328339&set=pb.100044155070313.-2207520000..&type=3

07.09.2022 Скопје

Уценувањето од страна на Бугарија траеше со години за да на крајот се се заврши со една капитулација која е прифатена од владата на СДСМ и ДУИ, низ последниот предлог кој беше наречен Француски предлог, но ако добро се прочита и се разбере суштината на тој договор е бугарски предлог, изјавил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на неговото гостување на една национална телевизија во Северна Македонија.

Николоски истакна дека клучниот проблем во прифаќањето на таков договор е што владата на СДСМ и ДУИ го прифати овој предлог врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија и затоа со референдумското прашање се бара поништување на овој договор, односно на Законот за ратификација на договорот.

Овој договор е потпишан во 2017 година, и тој договор е основа на сите проблеми во Северна Македонија, бидејќи е ратификуван во парламентите на двете држави како меѓународен, а Бугарија има право да ја менува суштината на постоењето на македонскиот народ и македонската држава, односно да удри директно во темелот на нашата татковина, изјавил Николоски.

Николоски истакнал дека според Бугарија ова е доброволно прифатен договор и затоа е ставен во преговарачката рамка.

Подготвено од М.Н.

About Author