09.09.2022 Скопје
Кралицата Елизабета Втора не починала во моментот кога и е соопштено на светската јавност, туку часови прет
ходно. Ова го објавил официјалниот потпарол на премиерката на Британија Лиз Трас, која била информирана за смртта на кралицата во 16.30 часот.
По 17 часот, неколку автомобили, вклучително и возилото кое го управувал принцот Вилијам со принцот Ендру на совозачко седиште и принцот Едвард и Софија на задниот дел од возилото, пристигнале во замокот Балморал. Сето ова се случило по седницата во парламентот на која пратениците сите изгледаа многу потресено.
За време на објавувањето на законот за енергетика од страна на премиерката Лиз Трас, Надим Захави влегол во салата и и пришол на премиерката и и предал порака по што веднаш се повлекол, по што претседателот на парламентот рекол дека во име на целиот парламент ги испраќа најдобрите желби за кралицата Елизабета Втора и дека целото кралско семејство ќе бидат во нивните мисли и нивните молитви во секој момент.
Веста за смртта на кралицата после неколку саати беше соопштена и на целата светска нација, односно во 18.31 часот.
Подготвено од М.Н.