https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Money-2180330_1920.jpg

09.09.2022 Скопје

Од страна на владеачката партија СДСМ испратија соопштение до граѓаните на Република Северна Македонија, за напредокот, државните и националните интереси, за тоа колку голем напредок имала партијата во сите овие години од осамостојувањето на Република Северна Македонија.

Покрај тоа дека конечно Северна Македонија стана земја членка на НАТО, и на добар пат е кон приклучување на семејството на Евопската Унија, од партијата истакнаа дека имаат убави вести за целата нација, бидејќи следуваат големи покачувања како на платите така и на пензиите во државата.

Во известувањето стои дека веќе со септемвриската плата ќе се обезбеди повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита, одбраната, полицијата, а ќе следи и рекордно зголемување на пензиите на над 320.000 пензионери во согласност со новата методологија која била договорена со здружението на пензионери.

Во соопштението од владеачката партија стои дека ова се само дел од мерките кои ги имаат превземено со цел да го заштитат животниот стандард на населението во ова тешко време на криза, и наведуваат дека како вистинска партија која работи за сите граѓани ќе продолжат со вистинска грижа за сите, во овие услови на тешка економска и енергетска криза.

Подготвено од М.Н.

About Author