https://www.facebook.com/110451740529702/photos/a.110451833863026/110453513862858

23.09.2022 Скопје

Претседателот на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Ангел Ристов, изјавил дека минатиот месец им е најаваена средба со премиерот, но се уште не се повикани. Воедно, Синдикатот очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува штрајк.

Синдикатот на УКИМ од Владата бара потпишување на Колективен договор и постепено покачување на платите, по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да стигнат на ниво од 100 процентно покачување. За овие барања, Синдикатот на 2 Јуни организираше протест пред Ректоратот, а на крајот на месецот планираше мирен протест пред Владата, но го откажа откако доби ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разледани од Министерството за образование и наука, како и од Министерството за финансии.

Претседателот на Синдикатот на УКИМ соопштил дека од 2 Јуни па наваму се уште немаат никаква информација, иако на 18 Август им била најавена средба, но добиле одговор дека ќе бидат побарани од премиерот за да разговараат во врска со барањата. Воедно, најави дека ќе почекаат уште една недела и доколку не бидат повикани, тогаш ќе започнат со медијација пред започнување на штрајкот, објаснувајќи дека тоа е еден правен лек кој ги интензивира преговорите на договорните страни и тогаш има законска обврска договорната страна, конкретно Собранието, со посредник медијатор да ги отпочне преговорите кои застанаа токму кај процентот на покачувањето на платите.

Во врска со Колективниот договор на СОНК, Ристов смета дека е незначително покачувањето на платите во високото образование, по седум проценти минатата и оваа година и смета дека СОНК не е репрезентативен за високото образование затоа што мнозинството од членството ги влече од градинките и училиштата. Додека пак, во врска со одржувањето на наставата, Ристов истакнал дека и досега покажале дека не сакаат да разговараат со притисок, блокади и на штета на студентите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author