https://www.flickr.com/photos/137461138@N06/22828321023/in/photolist-AMg7vM-6GS1sG-uVDnLF-j7pXWr-4nFwNk-312Dxx-pFtAh-SQQJWj-5ose1D-5nWgtU-eeC5Mp-QvCfZ-FitmL3-C3wCT-8Af499-ScowGw-2czHPih-2Jsxvq-5qvCLE-Gjbn7m-5TF5iA-9eRWWm-fjJqp5-oLPJ25-rypPUW-ahafUU-dfUL5L-HPHRMY-z2661E-jbaVq-8v8Rjr-D664Z5-aextpW-Ct4q54-4MZgZy-gKNaw-qFQCV9-nea9ez-YKUvLp-2pfmjF-8eTWKG-9imcUV-5bJt5V-jQexoP-94mzki-9woz7m-iAmmw-VNi72k-qLhC1F-RnvKHx

25.09.2022 Скопје

Денеска, Швајцарците гласаат за контроверзната пензиска реформа, за која Владата смета дека е клучна за спас на системот и вклучува предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените.

Во 2004 и 2017 година, Швајцарија веќе имаше два неуспешни обиди за изгласување на оваа пензиска реформа, по што официјален Берн се надева дека оваа година конечно ќе добијат доволно гласови за предлог за „стабилизирање“ на швајцарскиот пензионерски систем, кој може да биде прегазен од големата бејби бум генерација која се ближи до пензионирање и чиј животен век се зголемува.

Една од алатките за собирање повеќе пари за пензискиот систем е зголемувањето на данокот на промет, кој би требало да донесе приход од 12,4 милијарди швајцарски франци до 2032 година.

Контроверзната пензиска реформа предвидува жените да работат до 65 години за целосна пензија, наместо да можат да се пензионираат една година пред мажите. Владата на Швајцарија тврди дека оваа реформа ќе и овозможи на Швајцарија да заштеди 4,9 милијарди швајцарски франци во следните 10 години.

Пензиската реформа ќе им го олесни на луѓето продолжувањето на работата по достигнувањето на официјалната возраст за пензионирање, овозможувајќи им постепено да се пензионираат до 70 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author