https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/2275800109217166

22.09.2022 Скопје

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, соопшти дека бесплатен јавен превоз во Скопје нема да има се додека трае економската и енергетската криза. Исто така, додаде дека бесплатниот јавен превоз го ветиле и го отпочнале со некакви фази на реализација, со што истакна дека е чесно да соопшти дека олку голема економска криза никој не очекувал.

Градоначалничката Данела Арсовска изјавила дека цените на енергенсите, на нафтените деривати и на мазутот се толку многу високи, што и моментално нештата што ги прават го оптоваруваат Буџетот на Град Скопје. Сепак, Арсовска нагласи дека се она што е наведено во програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира и тоа е нивната цел. Воедно, Арсовска додаде дека размислуваат за реформирање на јавниот превоз и дека се во тек подготовките, но мора прво да се надмине оваа криза, бидејќи цените на енергенсите влијаат на сите проекти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author